Лидер Импакт Форум Април 2025
Тема: “Верата на работното место”
Понеделник, 28 Април 2025
За Нас
LeaderImpact е движење водено од волонтери, посветено на создавање траен ефект. Ние ги предизвикуваме лидерите да постигнат повеќе преку развивање на нивните лични, професионални и духовни животи.
Преку групи, настани, екскурзии и комуникација, нашата светска мрежа расте и прави влијание во градови, нации и светот. Ние сме претприемачи, извршни директори и професионалци од сите индустрии и животи, обединети од заедничка желба да постигнеме поголемо значење во животот преку интегрирање на нашите духовни и професионални животи.

Придружете ни се за да бидете дел од ова трансформативно патување и да придонесете за градење посветла иднина за Македонија.
Детали за Настанот
Датум: Понеделник, 28 Април 2025
Време: 19:30 часот
Место: DoubleTree by Hilton, Скопје
Во свет исполнет со професионални предизвици и динамични работни средини, прашањето за тоа како верата може да го обликува лидерството станува сѐ поактуелно. Лидер Импакт Форумот 2025 е уникатна вечер на инспирација, поврзување и промислување, каде успешни лидери и професионалци ќе зборуваат за ролјата на духовните вредности во секојдневното работно искуство.
Настанот има за цел да поттикне отворен дијалог за тоа како верата може да биде извор на мудрост, етика, храброст и вистински импакт во деловниот свет.
Говорници
Д-р Александар Митов
доктор по јавно здрвје и влијание на животна средина врз здравјето
Д-р Васка Митова
спец. психијатар
Д-р Џеј Холман
кардиолог
Д-р Шарлот Холман
педијатар неуролог
Дозволете си една вечер за да се поврзете, осмислите и охрабрите.
Лидер Импакт Форум Април 2025 — Верата и лидерството во акција.
Зошто да присуствувате?
- Ќе се инспирирате од искуствата на реномирани говорници
-
Ќе слушнете реални приказни за интеграцијата на верата во професионалниот живот
-
Ќе запознаете лидери од различни сектори
-
Ќе добиете нова перспектива за личен, професионален и духовен раст
Влезот е слободен, но местата се ограничени. Резервирајте го вашето на време!
Пријавете се
Скенирајте го QR-кодот или посетете го leaderimpact.mk за да се регистрирате и да се придружите на нашата заедница.